93819 January 30, 2012 Република Македонија: Учениците остануваат во училиште благодарение на условените парични трансфери Денис Бошковски, службеник за комуникации во канцеларијата за Светска банка ни ја овозможи оваа интересна приказна. Photo Gallery Кристина Доневска и Зулејла Абдулова по ништо не се разликуваат од нивните врсници во средното стручно училиште „Боро Петрушевски“ во Република Македонија. Идниот контролор на летање и шпедитер секојдневно доаѓаат на училиште со истите надежи и сништа како и другите нивни врсници. Работат напорно за да добијат добри оценки и се надеваат на најдоброто. Разликата помеѓу нив и другите ученици е што тие требаше да работат многу напорно за да успеат поради тоа што Related Links нивниот домашен буџет беше мошне мал, и тоа им оди The World Bank in FYR Macedonia добро. Беше мошне тешко да се издвојуваат средства за учебници, тетратки, облека и превоз но, за среќа, сега е Conditional Cash Transfers Project полесно да се дојде до овие основни нешта благодарение Ministry of Labor and Social Policy на програмата за условени парични трансфери. Country Program Snapshot Кристина и Зулејла не се единствените. Околу 9.000 Project Snapshot семејства низ целата земја кои имаат проблем да ги задоволат своите основни потреби и да ги едуцираат своите деца сега добиваат условени парични трансфери преку програмата помогната од Светската банка која овозможува помали парични средства за најсиромашните семејства, сè додека нивните деца одат во средно училиште. „Со овие средства купувам учебници и можам да патувам од и до мојот роден град. Ова значително го намалува товарот врз нашиот семеен буџет и го олеснува мојот процес на образование“, вели Кристина, ученичка во средно училиште која од Куманово дојде да учи во Скопје. Зулејла додава: „Освен финансиската помош, програмата исто така инспирираше и два други важни аспекти: сопствената иницијатива да се користи и да се добива помош како и обврската редовно да се оди на Кристина Доневска часови, што е предуслов за добивање на помош – овие два аспекти придонесуваат кон нашиот развој како ученици и како идни професионалци.“ Врската помеѓу сиромаштијата и образованието има долга историја. Иако Република Македонија бележи стапка на економски раст, стапката на сиромаштија не се намалила од 2002 година и таа и понатаму претставува голем предизвик. Проценките се дека околу 20% од населението живее под прагот на апсолутна сиромаштија и не е во можност да си дозволи доволно храна или други основни потреби. Истражувањата покажуваат дека сиромаштијата во Република Македонија Зулејла Абдулова е причинета од невработеноста која е во директна врска со ниското ниво на присуство во образовниот систем. Националната стратегија за вработување на земјата ги посочува недостатокот од вештини како клучна причина за невработеноста: речиси 70% од лицата со основно образование (или помалку од тоа) се сиромашни. Владата ја има препознаено потребата да делува брзо и притоа внимателно да се насочи на коренот на проблемот. За да го разбие циклусот на сиромаштија беше потребно да ја зголеми достапноста на образованието. Со помош од Светската банка, проектот за условени парични трансфери изготви програма која започна да се имплементира во 2009 година и која предвидува 200 евра годишно за семејствата кои добиваат социјална помош чии деца редовно одат во средно училиште. Средното училиште „Боро Петрушевски“ долго време беше пример за институција која го инспирира најдоброто кај своите ученици и професори. Тоа има практична наставна програма и на своите ученици им овозможува учества на меѓународни натпревари а истовремено води сметка и за учениците кои имаат одредени дополнителни потреби така што ги поврзува со приватни фирми кои се подготвени да ги ангажираат овие ученици пред да завршат и им овозможуваат да работат со флексибилно работно време за да можат истовремено и да ја посетуваат наставата додека работат. Соња Ристовска „Програмата за условени парични трансфери дојде во вистинско време и истата ги надополнува активностите кои нашето училиште веќе ги имаше, со цел да им овозможи на учениците да имаат посветла и побезбедна иднина, со соодветно образование“, вели директорката на училиштето Соња Ристовска. Гледајќи перспективно, сега можностите да се реализираат амбициите на Кристина и Зулејла се најголеми. Една поговорка цели дека „понекогаш треба малку за да се направи многу“. Оваа програма можеби е токму тоа. Според Аманда Арифовска, иден студент по бизнис и логистика на Скопскиот универзитет: „Освен финансиската корист, програмата внесе и поголем оптимизам помеѓу учениците. А тој оптимизам заразно се шири“. Аманда Арифовска