Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Изготвено од страна на Светска банка во соработка со Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија МК Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Признанија Во извештајот ‘Брза постапка за решавање на споровите од мала вредност‘ се анализирани различните видови постапки за спорови од мала вредност односно поедноставени постапки во земјите членки на ЕУ. Извештајот ги нагласува главните карактеристики на постапките за споровите од мала вредност и дава детален опис на низа можности кои би можеле да се применат во земјите кои би сакале да воведат нови односно да ги реформираат своите постоечки постапки за спорови од мала вредност. Извештајот е финансиран од страна на Кралството Холандија. Извештајот го изготвија Г-ѓа Џорџиа Харли (специјалист за правосудни реформи) и Г-ѓа Агнес Саид (советник за правосудни реформи). Тимот доби поддршка од насоките на Г. Срѓан Свирчев (специјалист за јавен сектор), Г-ѓа Марина Матиќ Бошковиќ (советник за правосудни реформи), Г-ѓа Ана Крниќ (советник за правосудни реформи), Г-ѓа Кејт Харисон (главен консултант за секторот правосудство), како и придонесите од Г. Николас Мензиес (виш специјалист за управување), Г. Пол Претиторе (виш специјалист за управување) и Г. Хорхе Луис Силва Мендез (специјалист за правосудни реформи). Содржина ............................................................................................................................................ 3 Признанија Извршно резиме ................................................................................................................................. 1 1. Вовед ............................................................................................................................................. 3 2. Зошто се важни споровите со мала вредност? ................................................................... 4 3. Што претставува постапката за спорови од мала вредност? .......................................... 6 4. Постапка за спорови од мала вредност во ЕУ .................................................................... 7 5. Судски такси ................................................................................................................................ 9 6. Видови на спорови ................................................................................................................... 10 7. Прагови ....................................................................................................................................... 11 8. Институционална поставеност .............................................................................................. 15 9. Постапка ..................................................................................................................................... 16 10. Правила и надоместоци за адвокати ................................................................................... 19 11. Постапки по жалба ................................................................................................................... 20 12. Примена на технологија .......................................................................................................... 22 13. Свесност на постапката за предмети од мала вредност ................................................ 24 ............................................................................................................ 25 14. Заклучоци и препораки Анекс A: Прагови за предмети од мала вредност во апсолутни бројки ............................. 28 Анекс Б: Судски такси за предмети до мала вредност .......................................................... 29 Анекс В: Примена на технологијата кај предметите од мала вредност ............................. 30 Литература ......................................................................................................................................... 31 Библиографија .................................................................................................................................. 32 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Извршно резиме 1. Не сите судски предмети се исти, ниту пак треба да се третираат на ист начин. Овој принцип е познат како диференцирано управување со предмети и судовите сѐ повеќе го усвојуваат за поефикасно и поделотворно решавање на споровите од мала вредност. Според податоците од ДуингБизнис во 138 земји ширум светот постои или суд за спорови од мала вредност или пак постои некаков вид на поедноставена постапка за предметите од мала вредност. Во Европската унија (ЕУ), во сите земји освен пет, постои некаков вид на брза постапка за спорови од мала вредност. Во овој извештај е дадена споредбена анализа на постапките за споровите од мала вредност во 28-те земји членки на ЕУ, која што може да биде корисна за земјите кои сакат да воведат односно да ги реформираат ваквите постапки. 2. Иако не постои фиксен образец, сепак може да се најдат одредени заеднички и битни карактеристики на брзите постапки во земјите членки на ЕУ, особено во врска со судските такси, видовите на спорови, праговите, институционалната поставеност, постапката, можноста за самостојно застапување, правилата за адвокатите и нивните надоместоци, постапките по жалба, како и користењето на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ). Најголем дел од земјите немаат посебен суд исклучиво за спорови од мала вредност. Наместо тоа, споровите од мала вредност се во надлежност на основните судови односно другите првостепени судови, во зависност од видот на спорот. Постапката за споровите од мала вредност може да биде по избор или на располагање во судовите по избор на странките. Меѓутоа, постапките за споровите од мала вредност може да бидат скроени во согласност со конкретниот контекст на секоја земја, со цел да се подобри пристапот до правдата и судската ефикасност. 3. Ниските судски такси се важни за олеснување на пристапот до правдата преку постапките за спорови од мала вредност со тоа што оваа постапка ќе биде достапна за сите. Постојат различни примери во различни земји со тоа што во некои земји нема такси за оваа постапка, додека пак во други земји таксите се прогресивни односно зависат од трошоците на живот. Просечните судски такси во ЕУ28 за спор со вредност помала од 2.000 ЕУР е 94 ЕУР или 5 проценти од вредноста на спорот. 4. Постапката за спорови од мала вредност опфаќа различни видови на спорови, но сепак најчести се парничните односно стопанските парични спорови. Во Германија, опсегот на спорови опфатени со оваа постапка е најголем, бидејќи во законот е наведена само вредноста на побарувањето, а не и видот на спорот. Повисок праг на постапката за спорови од мала вредност е повисок овозможува поголемо користење на истата од страна на граѓаните и деловните субјекти, со што се зголемува достапноста на оваа услуга. Во ЕУ највисоките прагови може да се најдат во Холандија (25.000 ЕУР) и во Австрија (15.000 ЕУР). 5. Во најголем дел од земјите е усвоена комбинација на процедурални алатки за забрзување односно поедноставување на постапката. На пример, рочиштата може да се одржуваат во писмена форма, може да постои ослободување од вообичаените правила за докажување, законското застапување и вообичаените правила за донесување судски одлуки, судиите може да имаат поинтерактивен и поангажиран однос со странките, а постапката може да се забрза и преку законски предвидени пократки рокови. Поради тоа што се работи за поедноставена постапка, најчесто странките не мора да бидат застапувани од страна на законски застапници во постапките за спорови од мала вредност. Во најголем дел од земјите, во 1 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ постапката за спорови од мала вредност добитничката странка не може да оствари поврат на трошоците за правна помош и другите судски трошоци од губитничката страна. Исто така, може да се ограничат и жалбите на пресудите во споровите со мала вредност. Во некои земји, жалба може да се поднесе само на постапката (т.е. доколку се направени сериозни процедурални грешки). 6. Електронските услуги ја забрзуваат постапката и ги намалуваат трошоците. Сѐ повеќе земји воведуваат електронски услуги какви што се електронско поднесување на обрасци и електронско плаќање. Некои земји одат и чекор понатаму и ја спроведуваат целата постапка електронски. 7. Зголемување на свеста кај граѓаните и деловните субјекти за можноста за брза постапка за нивните предмети, може да доведе до подобрување на пристапот до правдата. Според анкетните податоци, 75 проценти од граѓаните на ЕУ не се свесни дека постои постапка за спорови од мала вредност, а голем број на луѓе воопшто и не поведуваат постапки по валидни побарувања бидејќи се плашат од обемни процедури и големи застои1. Зголемувањето на свеста треба да биде насочено кон посиромашните сегменти на заедницата, како и микро и малите бизниси. Овие групи најчесто го користат судскиот систем за спорови од мала вредност, но сепак честопати не се осмелуваат да поведат постапка поради високите трошоци, сложените постапки и долгото време на чекање. Со добро осмислена брза постапка, овие грижи би можеле да бидат надминати, а оваа постапка би ги задоволила потребите на странките. 1 Специјален Евробарометар 395,64 2 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 1. Вовед 8. Трошоците и долготрајноста на судските постапки можат да обесхрабрат, а за сиромашните луѓе, микро и малите претпријатија (ММСП), може целосно да го попречи пристапот до правдата. Според најновите податоци за ЦЕПЕЈ, во 2014 година, времето за разрешување на првостепените парнични и комерцијални судски предмети се движеше од 97 дена во Литванија во 532 дена во Италија, додека пак просекот за ЕУ изнесуваше 250 дена2. Трошоците (составени од адвокатските трошоци и судските такси) понекогаш можат да бидат повисоки од вредноста на спорот.3 9. Законодавците ширум светот веќе подолго време се свесни дека за решавање на споровите со мала вредност можеби не се потребни истите сложени постапки и правила, односно дека овие спорови би можеле да се решат на поевтин и поефикасен начин. Иако постапките за спорови со мала вредност не се нешто ново и постојат веќе со децении, сепак дури неодамна овие постапки почнаа почесто да се применуваат. Фактори каков што е зголемената побарувачка, поттикнуваат сѐ повеќе земји да изнаоѓаат нови и побрзи начини за разрешување на спорови од помала вредност, бидејќи граѓаните бараат поедноставни начини за разрешување на споровите од помала вредност со помош на ИКТ. 10. Судовите исто така се почувствителни на потребите на граѓаните и сѐ повеќе изнаоѓаат пристапи кои услужно ориентирани и одговараат на потребите на граѓаните. Друг важен фактор се трошоците. Предметите од мала вредност ги трошат напорите и ресурсите на судовите во услови кога судските ресурси треба да се користат внимателно. Постапките за споровите со мала вредност ги ослободуваат ресурсите на судовите и го намалуваат заостатокот, со што им се овозможува на судовите на се насочат кој решавање на посложените предмети. 11. Сѐ поголем број на земји ја разгледуваат можноста за воведување на постапка за спорови од мала вредност односно реформирање на постоечките постапки за да ги бидат поекономични и поефикасни. Анализата на начинот на кој што оваа постапка функционира во други земји, дава корисен придонес во процесот на изготвувањето на политиките во овие земји. 12. Во овој извештај е дадена споредбена анализа на постапките на за спорови од мала вредност во 28-те земји членки на ЕУ – вклучувајќи ги тука и извлечените поуки и добри практики - која што може да биде корисна за земјите членки на ЕУ односно земјите кандидати за влез во ЕУ кои сакат да воведат односно да ги реформираат ваквите постапки. Оваа анализа зема предвид низа димензии, и тоа: судските такси, праговите, институционалната поставеност, користењето на технологијата, улогата на законските застапници, надоместоците на адвокатите, како и постапките по жалба. 2 The European Commission for the Efficiency of Justice (CEPEJ). 2016. European judicial systems. Efficiency and quality of justice. Edition 2016 (2014 data). Strasbourg, France: CEPEJ, p.195. Просекот за ЕУ е заснован на сопствени пресметки. Не беа достапни податоците за Белгија, Бугарија, Кипар, Ирска, Португалија и ОК. 3 Судските трошоци во парничните и стопанските предмети се регулирани со националните законодавства и, поради тоа, се различни во различни земји членки на ЕУ. Сите земји членки со исклучок на Франција и Луксембург, имаат надоместоци за поведување на постапка. Исто така постојат и други трошоци какви што се адвокатски надоместоци, надоместоци за судски извршители, трошоци за вештаци, трошоци за превод итн. Повеќе информации за трошоците на постапката можат да се најдат на порталот за електронска правда на: https://e-justice.europa.eu/content_costs_of_pro-ceedings-37-en.do 3 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 2. Зошто се важни споровите со мала вредност? 13. Со цел поедноставување, забрзување и намалување на трошоците на судските постапки, земјите воведуваат брзи постапки за споровите со мала вредност – таканаречена ’постапка за спорови со мала вредност‘. Постапката за спорови со мала вредност не само што придонесува за ослободување на судските ресурси и намалувањето на заостатокот (со што судовите можат полесно да се насочат кон решавање на посложените предмети), туку и обезбедуваат пристап до правдата за обичните граѓани. Навистина, со анкетата на Евробарометар од 2013 година4 се увиде дека можноста за спроведување на постапките во писмена форма и без адвокат се факторите кои најчесто ги охрабруваат испитаниците да поведат судска постапка против деловен субјект5. За жал, како што се гледа од Слика 1, во анкетата исто така беше утврдено дека 75 проценти од испитаниците6 не знаеја дека во нивната земја постои постапка за спорови со мала вредност. СЛИКА 1 Свесност за постапката за спорови со мала вредност 3% 3% 19% Yes, you heard about it and used it Да, сте чуле дека постои и сте ја користеле Yes, you have heard about it but Да, сте чуле дека постои, но не never used it сте ја користеле Не, не сте чуле дека постои No, you have not heard about it Не знам Don't know 75% Извор: Посебен Евробарометар 395. 14. Придобивките од постапката за спорови со мала вредност, особено за спроведување договори се признаени од страна на земјите, корпорациите и меѓународните организации. Светската банка, на пример, од неодамна вгради судови за спорови со мала вредност и забрзана постапка, како добра практика, во својата методологија за спроведување на договорите во извештајот на ДуингБизнис. Според податоците од ДуингБизнис, 138 економии ширум светот имаат или суд за спорови од мала вредност или пак имаат поедноставена постапка7. Неколку глобални корпорации вовеле свои системи за решавање на спорови од мала вредност. Интересно, иновативниот пристап на Ибеј за електронско решавање на споровите 4 Посебен Евробарометар 395, 54 5 Ибид. Прашањето беше кои фактори би можеле да ги поттикнат испитаниците да одат на суд во својата земја против деловен субјект во друга земја членка на ЕУ. 6 Ибид, 64 7 Земјата добива оценка 1 доколку има постапка за спорови со мала вредност која може да се спроведе за сите парнични предмети и доколку законот предвидува плафон на вредноста на предметите кои може да се спроведат со таквата постапка. Доколку споровите со мала вредност се решаваат од страна на самостоен суд, земјата добива 1 поен само ако таквиот суд спроведува поедноставена постапка. Додатни 0,5 поени се додаваат ако странките може да се застапуваат самите себеси во текот на ова постапка. Доколку нема ниту суд за спорови со мала вредност ниту поедноставена постапка, се доделува оценка 0. За повеќе информации посетете ја страницата: http://www.doingbusiness.org/methodology/enforcing-contracts 4 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ беше инспирација на електронскиот суд за спорови од мала вредност чие воведување се разгледува во ОК8. 15. Посебниот Евробарометар 395, во рамките на кои беа анкетирани граѓани на ЕУ во врска со споровите со субјекти од малопродажба, даватели на услуги или пак партнери во деловното работење, може да ги расветли гледиштата на граѓаните во однос на споровите од мала вредност, како и нивната подготвеност да одат на суд за спорови со вредност помала од 2.000 ЕУР9. Како што може да се види од Слика 2, 54 проценти од испитаниците би биле подготвени да поведат судска постапка против деловен субјект кој се наоѓа во нивната сопствена земја во врска со спор со вредност од 2.000 ЕУР или помалку. Подготвеноста е највисока во Германија (68 проценти) и Австрија (62 проценти), додека пак потрошувачите кои се најмалку подготвени да поведат судска постапка против деловен субјект се во Бугарија (31 процент), Кипар (35 проценти) и Грција (36 проценти)10. Во извештајот не се открива зошто луѓето во одредени земји се помалку подготвени да поведат судска постапка, но треба да се забележи дека ниту Бугарија ниту Кипар немаат ниту постапка за спорови со мала вредност, ниту пак поедноставена постапка. Иако во Грција постои посебен суд за спорови со мала вредност, сепак 92 проценти од грчките испитаници воопшто не слушнале за него. СЛИКА 2 Подготвеноста на граѓаните на ЕУ да одат на суд за побарувања од 2.000 ЕУР или помалку 8% 28% 18% Да, дефинитивно Да, најверојатно Не, најверојатно не Не, дефинитивно не Не знам 20% 26% Извор: Графиконот е заснован на податоци од посебниот Евробарометар 395 16. Според истражувањето на Евробарометар 395, граѓаните на ЕУ се спремни да поведат судски постапки за мали износи. Во однос на финансискиот праг за вклучување на судот, на Слика 3 се гледа дека повеќе од еден на пет граѓани на ЕУ (21 проценти) би биле подготвени да поведат судска постапка доколку износот на спорот е до 399 ЕУР, а дополнителни 21 проценти тоа би го сториле за износи помеѓу 400 и 799 ЕУР. Седумнаесет проценти би биле подготвени да поведат судска постапка доколку износот на спорот е помеѓу 800 до 1.199 ЕУР. За само 5 проценти од испитаниците најмалиот потребен износ за да одат на суд е помеѓу 1.200 и 1.599 ЕУР, 8 Регистарот „За четири години ќе ги дигитализираме судовите во Англија – извештај“ 19 февруари 2016 година. http://m.theregister.co.uk/2016/02/19/fouryear_target_for_digital_court_in_england_ambitious_but_not_unworkable_says_ex-pert/ 9 Износот 2.000 ЕУР беше избран бидејќи го претставува прагот на споровите од мала вредност за прекугранични предмети во ЕУ. Горенаведените податоци се однесуваат на подготвеноста на граѓаните да одат на суд против субјект од малопродажбата базиран во нивната земја. 10 Посебен Евробарометар 395 38. 5 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ додека пак 6 проценти не одат на суд за помалку од 1.600 ЕУР. Ова покажува дека износите за кои граѓаните на ЕУ се подготвени да одат на суд можат да бидат прилично ниски. Со воведување на постапка за спорови со мала вредност би се опфатиле овие побарувања, со што би им се овозможило на граѓаните своите спорови да ги решаваат економично и ефикасно. СЛИКА 3 Вредност на тужбените барања за кои граѓаните на ЕУ се подготвени да поведат судски постапки 25% 21% 21% 20% Процент на испитаници 20% 15% 10% 9% 10% 7% 6% 5% 5% 1% 0% Финансиски праг за вклучување на судот Извор: Графиконот се заснова на податоците од посебниот Евробарометар 395 на страница Т17. 3. Што претставува постапката за спорови од мала вредност? 17. Не постои универзално усогласена дефиниција за постапката за спорови од мала вредност. ДуингБизнис ја идентификува како „механизам за брзо и економично решавање на споровите со мали износи на парични средства“11 и наведува карактеристики какви што се неформални рочишта, поедноставени правила за докажување и рационализирани правила на парничната постапка, како и можноста за самостојно застапување. ДуингБизнис им доделува одреден резултат на земјите кои имаат суд за спорови со мала вредност или пак брза постапка за споровите со мала вредност која може да се примени на сите парнични предмети каде со закон е предвиден плафон на вредноста на предметите по кои може да се постапува во таквиот суд односно со примена на поедноставената постапка. Во земјите каде што споровите од мала вредност се решаваат во рамките на самостоен суд, таквиот суд треба да ја применува поедноставената постапка. Исто така се добиваат дополнителни поени доколку странките можат самостојно да се застапуваат пред судот во текот на постапката12. На Европскиот портал за електронска правда, каде постапката за спорови со мала вредност е претставена како посебна категорија и каде се дадени информации за постапките во земјите членки на ЕУ, не е дадена дефиниција за тоа што таквата постапка подразбира. Извештајот на ЦЕПЕЈ за ефикасноста и квалитетот на правдата13, каде исто така се спомнува постапката за 11 http://www.doingbusiness.org/data/exploretopics/enforcing-contracts/good-practices#Introducing 12 http://www.doingbusiness.org/methodology/enforcing-contracts 13 The European Commission for the Efficiency of Justice (CEPEJ). 2014. European judicial systems – Edition 2014 (2012 data): efficiency and quality of justice. Strasbourg, France: CEPEJ, p.120. 6 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ спорови од мала вредност, забележува единствено дека дефиницијата на она што претставува спор со мала вредност е различна во различни земји и се чини дека дали одреден спор е од мала вредност зависи исклучиво од паричната вредност, а не од самата постапка. 18. За потребите на овој извештај, ’постапката за спорови од мала вредност‘ значи поедноставена постапка или брза постапка за спорови до одреден фиксен паричен праг, предвиден со закон14. 4. Постапка за спорови од мала вредност во ЕУ 19. Не постои образец за тоа како постапките за спорови од мала вредност се воспоставени во различните земји, но сепак постојат одредени заеднички карактеристики. Општо земено, постапката е со ограничена надлежност и може да се спроведе само за одредени видови на спорови, најчесто едноставни парнични/стопански предмети каде странките се физички лица, станари кои живеат под закуп/закуподаватели, потрошувачи или деловни субјекти. Трошоците се најчесто пониски, како во однос на судските такси така и во однос на адвокатските трошоци, бидејќи идејата на постапката за спорови од мала вредност е да се ограничат трошоците, а, всушност, најчесто нема потреба односно дури нема ниту можност за ангажирање на адвокати. Како резултат на ова, во одредени земји нема правна помош. 20. Во повеќето земји, детални информации за постапката, како и за електронските услуги може да се најдат на интернет. За да се поедностави и забрза процесот, голем дел од земјите нудат можност за симнување на обрасците и списоците со потребната документација, како и можност за електронско поднесување на писмена односно електронски плаќања. 21. Во најголем дел од земјите, споровите од мала вредност се решаваат по поедноставена постапка15 со отстапки од правилата кои важат за вообичаената постапка како за странките така и за судот, со што обичните граѓани без правно образование можат полесно да го разберат процесот. Меѓутоа, ова не значи дека правниот процес не е обезбеден. Постапката е понеформална бидејќи најчесто не предвидува потреба од адвокати, со тоа што често пати судијата треба да ги информира странките за нивните права и обврски. 22. Временските рокови за постапката за спорови од мала вредност се пократки и правото на жалба е ограничено. Со предвидувањето на построги рокови, постапката за спорови од мала вредност обезбедува побрзо разрешување на 14 Постапката за платните налози е исто така еден вид на поедноставена постапка која е достапна во најголем дел од земјите членки на ЕУ. Меѓутоа оваа постапката потпаѓа под посебна категорија, во однос на неспорни парични побарувања, често пати со посебна постапка и, според тоа, не е дел од оваа анализа. Постапката за платните налози ќе биде во фокусот на претстојната анализа на Светска банка. Во извештајот не се опфатени поедноставените постапки во кривичните предмети. 15 Не постои усогласена дефиниција на поимот ’поедноставена постапка‘, кој понекогаш се користи во врска со споровите од мала вредност. На пример, извештајот на ЦЕПЕЈ за ефикасноста и квалитетот на правдата го користи како сеопфатен поим за сите видови на поедноставена постапка, вклучувајќи ги тука и споровите од мала вредност и платните налози, како и поедноставените постапки во кривичните односно управните предмети. Од друга страна, порталот за електронска правда ја дефинира поедноставената постапка како алтернатива на постапката за предмети од мала вредност. На пример, наведува дека во Германија нема постапка за спорови од мала вредност, но можно е спроведување на поедноставена постапка за спорови до 600 ЕУР. На сличен начин, во Австрија, се наведува дека не постои постапка за спорови со мала вредност според австриските закони, но може да се примени поедноставена постапка за чисто финансиски спорови со вредност до 25.000 ЕУР. Не е дадено дополнително објаснување во врска со дефинирањето на разликата помеѓу оваа постапка и постапката за спорови од мала вредност. Во овој извештај, ’поедноставената постапка‘ значи постапка во која нема потреба да се спроведат сите чекори односно да се исполнат сите услови на вообичаената постапка. 7 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ предметите и намалување на трошоците. Понатаму, откога ќе се избере постапката за спорови од мала вредност не е можно предметот да биде префрлен во вообичаената постапка, а правото на жалба најчесто е ограничено на процедурални прашања. ТАБЕЛА 1 Спорови со мала вредност по земји Да Не Постапка за Земја спорови со мала 23. Како што може да се види од Табела 1, со исклучок на вредност Белгија, Бугарија, Кипар и Чешка, сите земји членки на ЕУ Австрија Хрватска имаат постапка за спорови од мала вредност или некаков Данска вид на поедноставена постапка за мали побарувања16. Иако Естонија дизајнот на постапките за споровите од мала вредност може да Франција се разликува во различните земји, општо земено потребно е Германија посебна постапка само за предметите од мала вредност. За Грција Унгарија разлика од тоа, кај поедноставените постапки разликите во Ирска дизајнот се позначителни. Финска нема постапка за предмети од Италија мала вредност, но вообичаените постапки можат да се Летонија прилагодат во зависност од предметот и без оглед на вредноста Литванија на тужбеното барање. Ова подразбира и можност за целосно Луксембург спроведување на предметите во писмена форма17. Австрија и Малта Холандија Германија исто така немаат постапка за спорови од мала Полска вредност во најстрога смисла, но овозможуваат спроведување Португалија на поедноставена постапка18. Во Германија изборот на Романија постапката го прави судот, додека во Австрија постапката е Словачка Словенија задолжителна и ниту странките ниту судот можат да одбијат да Шпанија се придржуваат кон конкретните правила кои важат за спорови Шведска од мала вредност. ОК Белгија Бугарија Освен постапката за спорови од мала вредност 24. Кипар достапна во најголем дел од земјите членки, во 2009 година, Чешка Финска во ЕУ беше воведена и постапка за прекугранични спорови од помала вредност која не надминува 2.000 ЕУР, со цел да се олесни пристапот до прекуграничната правда19. Европската постапка за спорови од мала вредност20 е достапна во сите земји на ЕУ освен Данска и служи како алтернатива на националните постапки во предметите каде најмалку една од странките е од друга држава. Извори: Портал за електронска правда: Постапки за спорови од мала вредност и сопствени истражувања. 16 Достапните информации на постапките за споровите од мала вредност во различните земји членки на ЕУ се малку недоследни. На пример, додека Европскиот портал за електронска правда вели дека нема постапка за спорови од мала вредност во Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка и Финска, извештајот ДуингБизнис ги наведува само Бугарија, Чешка и Финска како земји без постапка за спорови од мала вредност. Извештајот на ЦЕПЕЈ за ефикасноста и квалитетот на правдата, од друга страна, ги наведува Белгија, Кипар и Чешка меѓу земјите кои имаат постапка за спорови од мала вредност, но не и Бугарија и Финска. За да бидеме доследни, во анализата се вклучени само оние земји кои потпаѓаат под дефиницијата на постапката за спорови од мала вредност на овој извештај. 17 Иако во Финска постои можност за спроведување на поедноставена постапка, сепак не е предвиден праг за вредноста на спорот и, поради тоа е надвор од дефиницијата на овој извештај за постапката за спорови од мала вредност и не е вклучена во анализата. 18 Поедноставените постапки во Австрија и Германија се вклучени во споредбената анализа бидејќи се опфатени со дефиницијата на постапката за спорови од мал обем на овој извештај 19 Прекуграничните предмети можат да вклучуваат, на пример, спорови на потрошувач од една земја членка против продавач кој се наоѓа во друга земја членка. 20 Регулатива (ЕК) бр. 861/2007 на Европскиот парламент и на Советот од 11 јули 2007 година со која се востановува европската постапка за спорови од мала вредност. 8 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 5. Судски такси 25. Таксите кои судовите им ги наплаќаат на странките за поднесување на тужбени барања се пресметуваат на различни начини во различни земји членки на ЕУ21. Овие се делат на три главни категории: фиксни судски такси, такси засновани на определен процент од тужбеното барање и такси кои зависат од вредноста на тужбеното барање22. Некои земји, како ОК, предвидуваат можност за плаќање на пониски судски такси доколку тужбеното барање се поднесе преку интернет. Просечниот износ на судските такси во ЕУ28 за тужбено барање чија вредност е помала од 2.000 ЕУР е 94 ЕУР23. 26. Во најголем дел од земјите на ЕУ, апсолутната вредност на судските такси за постапката за предмети со мала вредност се зголемува со зголемување на вредноста на тужбеното барање, но сепак постојат одредени разлики помеѓу земјите членки. Шпанија, на пример, воопшто нема судски такси. Франција, Данска, Грција, Ирска, Малта, Португалија и Шведска имаат фиксни судски такси, без оглед на вредноста на тужбеното барање. Чешка и Хрватска имаат комбинација од фиксни такси и фиксен процент од вредноста на барањето. Во неколку земји, какви што се Чешка, Грција, Летонија и Унгарија, физичките лица со ниски приходи можат да побараат ослободување од плаќање односно одложено плаќање на таксите, со што се подобрува пристапот на сиромашните до правдата. 27. На Слика 4 се прикажани судските такси како процент оф вредноста на тужбеното барање за три вредности дадени како примери.24 Во земјите со низок праг за вредноста на тужбените барања под 1000 односно 2000 ЕУР, споровите над овие износи се решаваат според вообичаената постапка. Во овие земји судските такси почнуваат да се применуваат и кај релативно мали предмети и постапката може да стане поскапа. СЛИКА 4 Судските такси аз постапката за предмети од мала вредност како процент оф вредноста на тужбеното барање за износи од 500, 1000 и 2000 ЕУР 25% 20% 15% 10% 5% 0% 500 ЕУР 1000 ЕУР 2000 ЕУР Извор: Портал за електронска правда: Судски такси за постапки за предмети од мала вредност. 21 Износите на судските такси по земји е по вредности на тужбените барања се дадени во Анексот 22 European Commission, Assessment of the socio-economic impacts of the policy options for the future of the European Small Claims Regulation, Final Report, 2013, 87. 23 Детални информации за судските такси се дадени во Анекс Б. 24 Детални информации за судските такси се дадени во Анекс Б 9 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 28. Релативно високите судски такси можат да имаат штетно влијание врз примената на постапката за предмети од мала вредност. Судските такси повисоки од 10 проценти од вредноста на тужбеното барање се сметаат за непропорционални односно дека може да ги одвратат граѓаните од поведување на судски постапки.25 Како што се гледа на Слика 4, во најголем дел од земјите релативните трошоци на судската постапка се најголеми за понискиот праг од 500 ЕУР, а потоа се намалуваат со зголемувањето на вредноста на тужбеното барање. Од сликата исто така се гледа дека сѐ уште е релативно скапо да се оди на суд за спорови од релативно мала вредност. Во 10 земји на ЕУ, судските такси се поголеми од 10 проценти од вредноста на тужбеното барање за спорови до 500 ЕУР. Естонија има највисоки трошоци, односно таму судските такси за тужбено барање од 500 ЕУР е 25 проценти од вредноста на предметот. 6. Видови на спорови 29. Во најголем дел од земјите на ЕУ, само едноставните парнични предмети може да се решат со примена на брзата постапка, како што може да се види во Табела 2. Тука се вклучуваат стопанските и потрошувачките спорови, споровите за движен имот како и договорните побарувања. Споровите поврзани со развод, старателство или стечај најчесто се исклучени. ТАБЕЛА 2 Видови на спорови вклучени во постапката за предмети од мала вредност по земји Земји Видови на спорови Австрија Финансиски спорови, работни спорови и спорови поврзани со социјална заштита Хрватска Приватни спорови, стопански спорови Данска Парични и непарични тужбени барања со одредени исклучоци предвидени со закон Естонија Сопственички спорови Франција Парнични предмети под надлежност на обласни судови и локалните судови Германија Сите предмети под 600 ЕУР Грција Предмети за движен имот и сопственост кои се во надлежност на основните судови Унгарија Спорови поврзани со исказ за оспорување на платен налог Ирска Потрошувачки побарувања, деловни побарувања, побарувања поврзани со имотна штета, побарувања врз основа на депонирани закупнини Италија Спорови поврзани со подвижни предмети, со одредени исклучоци предвидени со закон Летонија Побарувања поврзани со враќање на пари, побарувања поврзани со исплати за одржување Литванија Парични побарувања Луксембург Парични побарувања Малта Парични побарувања со одредени исклучоци предвидени со закон (на пример: сопственост на недвижен имот) Холандија Парични побарувања, предмети поврзани со вработување, предмети поврзани со изнајмување на станбен односно деловен имот Полска Договорни побарувања, побарувања врз основа на потрошувачки гаранции, побарувања поврзани со станбени надоместоци односно закупнини Португалија Парични обврски, комерцијални трансакции Романија Парични побарување со одредени исклучоци предвидени со закон Словачка Парнични спорови Словенија Парични побарувања, непарични барања кои тужителот изразил спремност да ги прифати, побарувања врз основа на испорака на движен имот. Шпанија Парнични спорови, постапка за наплата на побарувања, управни спорови Шведска Сите парнични предмети освен предмети поврзани со семејно право ОК Потрошувачки побарувања, побарувања по основ на несреќа, спорови за сопственост на добра, како и спорови помеѓу зазкуподавачите и закупците во врска со поправки, депозити, заостанати закупнини итн., но не и владение Извори: Портал за електронска правда, други канцелариски истражувања. 25 Проценка на влијанијата (СВД (2013) 459, СВД (2013) 460 (резиме)) на предлогот на комисијата за регулативата на Европскиот парламент и совет со која се менува Регулативата (ЕК) бр. 861/2007 со која се воспоставува Европска постапка за предмети од мала вредност и Регулативата (ЕК) бр. 1896/2006 со која се креира Европска постапка за платни налози (COM (2013) 794). 10 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 30. Само во Германија не постојат ограничувања во однос на судската надлежност врз основа на видот на предметот, бидејќи во новиот закон е предвидена само паричната вредност на барањето, а не за какво барање се работи. Литванија, Луксембург, Малта и Романија предвидуваат ваква постапка само за парични побарувања, додека пак Австрија ја предвидува оваа постапка за парични побарувања, како и работни спорови и спорови поврзани со социјалната заштита. Холандија ја применува оваа постапка кај паричните и работните спорови, како и во предмети поврзани со закупување на станбен и деловен имот. 31. Данска, Италија, Романија, Словенија и Шведска предвидуваат исклучоци во законот во однос на видовите на спорови кај кои не се применува постапката за предмети од мала вредност. На пример, во Словенија споровите во врска со недвижни имоти, авторски права, интелектуална сопственост, конкуренција и нарушување на владението не се опфатени со оваа постапка. Во Шведска експлицитно се исклучени предметите од семејно право. 7. Прагови 32. Постапката за предмети од мала вредност, општо земено е наменета само за предметите кои не се многу сложени и каде износот на спорот е мал. Во ЕУ, овој износ варира бидејќи секоја земја самостојно ги определува своите прагови. Некои земји исто така поставиле различни прагови за различни видови на спорови, каков што е случајот во Хрватска, Шпанија и Словенија, каде прагот за стопанските спорови е повисок отколку за приватните спорови. 33. Не постои јасен образец за утврдување на праговите во земјите на ЕУ. Наместо тоа може да се забележат групи на прагови кои се прикажани во Табела 3. Најнискиот праг е во Германија и Хрватска (во оваа вторава само за приватни спорови), каде горната граница е 600 ЕУР. Во долниот дел се исто така Литванија и Словачка, каде праговите се движат помеѓу 1.000 и 1.500 ЕУР. ВО ОК, не постои горна граница за предметите кои судијата ги смета за едноставни,26 а во Австрија не постои граница за работните спорови и споровите поврзани со социјалната заштита, но има праг од 15.000 ЕУР за парични спорови. 34. Во Естонија, Ирска, Летонија, Полска, Романија, Словенија (за приватни спорови) и Шведска прагот се движи помеѓу 2.000 и 2.400 ЕУР. Во Франција, Унгарија, Малта и Словенија (за стопански спорови) прагот е помеѓу 3.500 и 4.000 ЕУР.27 Највисокиот опсег, помеѓу 10.000 и 25.000 ЕУР може да се најде во Австрија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија (за управни спорови) и ОК. За споредба, Европската постапка за прекугрнични предмети со мала вредност има праг од 2.000 ЕУР. 26 Одлуката се донесува врз основа на фактори какви што се износот на спорот, кој најчесто е под 10.000 фунти и видот на тужбеното барање, најчесто потрошувачки спорови, предмети поврзани со несреќи, спорови помеѓу закупудавачи и закупци итн. 27 Границата за предметите од мала вредност во Малта ќе се зголеми на 5.000 ЕУР. Times of Malta, Limit for cases filed at Small Claims Tribunal to rise to €5,000, October 22, 2015, достапен на: http://www.timesofmalta.com/articles/view/20151022/local/limit-for-cases-filed-at-small-claims-tribunal-to-rise-to- 5000.589221. 11 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ ТАБЕЛА 3 Прагови за предмети од мала вредност Под 1.000 до 2.000 до 3.500 до 5.000 до 10.000 до Нема горна граница 1.000 ЕУР 1.500 ЕУР 2.400 ЕУР 4.000 ЕУР 6.700 ЕУР 25.000 ЕУР доколку предметот се смета за едноставен Хрватска Литванија Естонија Франција Данска Австрија ОК (1) Словачка Ирска Унгарија Грција Луксембург Германија ОК (2) Летонија Малта Италија Холандија Полска Словенија Шпанија Португалија Романија (4) Шпанија (5) Словенија ОК (3) Шведска (1) Само за приватни спорови (4) Стопански спорови (2) За лични повредни и спорови помеѓу закуподавачи и (5) Управни спорови закупци (3) Приватни спорови Извори: Портал за електронска правда: Постапка за предмети од мала вредност. 35. Шведска ја прилагодува вредноста на прагот за да ги земе предвид промените во Индексот на цени на мало (ИЦМ). Прагот за предмети од мала вредност е поставен на 50 проценти од износот на основната цена,28 кој владата го утврдува секоја година врз основа на ИЦМ. Износот на основната цена за 2016 година беше утврден на 44.300 СЕК (4.826 ЕУР), така што прагот за предметите од мала вредност во 2016 година изнесуваше 2.413 ЕУР. За споредба, во 2015 година прагот беше 12 ЕУР повисок односно изнесуваше 2.425 ЕУР. 36. Вредноста на прагот во однос на приходите претставува подобра мерка за достапноста отколку апсолутната вредност – колку е повисок прагот толку е подостапна постапката. Иако прагот е ист во Австрија и во Португалија во апсолутни бројки, сепак тој е значително повисок во Португалија во однос на приходите како процент од БДП по глава на жител. 37. На Слика 5 се прикажани апсолутните вредности на праговите за постапките за предметите од мала вредност29 во земјите членки на ЕУ, како и праговите во однос на БДП по глава на жител. Португалија има релативно висок праг, додека Луксембург има релативно низок праг. 28 Износот на основната цена го утврдува владата и истиот се менува секоја година врз основа на ценовните трендови во Шведска. Се користи за пресметување на различни видови на износи, а во овој случај се користи и за пресметување на праговите за постапката за предмети од мала вредност. Кога се менува износот на основната цена, другите износи се менуваат автоматски. 29 Табела со детални информации за праговите е дадена во Анекс A. 12 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ СЛИКА 5 Прагови за предметите од мала вредност во земјите членки на ЕУ 25000 100% 22500 90% 20000 80% 17500 70% 15000 60% 12500 50% 10000 40% 7500 30% 5000 20% 2500 10% 0 0% Праг (ЕУР) Прагот во однос на вредноста на БДП по глава на жител Извори: Портал за електронска правда: Постапка за предмети од мала вредност, БДП за 2015 година според Светска банка претворен во ЕУ на 28 септември 2016 година (најновиот податок за БДП по глава на жител за Малта е од 2013 година) 13 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 38. Не постои јасен образец во однос на нивото на прагот во споредба со БДП на земјата по глава на жител ниту пак односот зависи од географската локација. Како процент од БДП по глава на жител,30 земјите со највисоки прагови се Португалија и Холандија (88 проценти и 63 проценти соодветно). Овие прагови исто така се значително повисоки од останатите земјите членки на ЕУ. Германија го има најнискиот праг, од 2 проценти. Преостанатите земји членки на ЕУ се рамномерно распределени и нивните прагови се движат помеѓу 3 и 39 проценти. СЛИКА 6 Минимална вредност за која субјектите се подготвени да поведат судска постапка и нејзиниот однос со прагот за постапката за предмети од мала вредност 1000 120% 900 100% 800 700 80% 600 500 60% 400 40% 300 200 20% 100 0 0% Просечен минимален износ за кој субјектите се подготвени да поведат судска постапка Минималниот износ како процент од прагот на предметите од мала вредност Извори: Графиконот е заснован на посебниот Евробарометар 395, како и на сопствени пресметки 39. Праговите во најголем дел од земјите се далеку над просекот од минималните износи за кои граѓаните на ЕУ се подготвени да поведат судска постапка. Само граѓаните на Хрватска и на Германија не се подготвени да поведат судски постапки за износи во рамките на прагот во нивните земји. Прагот на она што се нарекува побарување од мала вредност во Хрватска и Германија е 600 ЕУР. Меѓутоа, испитаниците искажаа дека би оделе на суд доколку вредноста на спорот е 627 ЕУР во Хрватска и 657 ЕУР во Германија, што, како што може да се види од Слика 6, претставува 105 и 110 проценти соодветно од прагот за предметите од мала вредност. Граѓаните на Литванија и Летонија би оделе на суд дури и за најмали износи (т.е. 458 ЕУР и 474 ЕУР соодветно), додека пак граѓаните на Шпанија и Луксембург би оделе на суд само доколку вредноста на спорот е барем 880 ЕУР односно 933 ЕУР соодветно. 30 Стапки на БДП во 2015 година, извор Светска банка 14 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 8. Институционална поставеност 40. Во најголем дел од земјите членки на ЕУ, постапките по предметите од мала вредност се спроведуваат во редовните судови, најчесто во основните судови или другите релевантни првостепени судови, во зависност од видот на предметот (видете ја Слика 7). Иако посебен суд за предмети од мал обем може да доведе до заштеди на судските ресурси со текот на времето, сепак за да се воспостави таков суд потребно е значително првично вложување како на финансиски така и на човечки ресурси. СЛИКА 7 Каде се наоѓа постапката за предмети од мала вредност во различните земји Обласни судови Судови од прв степен Други судови Судови за предмети од мала вредност Австрија Хрватска (4) Хрватска (6) Грција (12) Данска Естонија Ирска (7) Малта (13) Унгарија Франција Италија (8) Летонија Германија Литванија (9) Литванија (1) Ирска (5) Луксембург (8) Холандија (2) Португалија Словенија (10) Полска Романија Ок (11) Словенија (3) Словачка Шведска (1) Во зависност од предметот (8) Мировен суд (2) Пододдели на обласните судови (9) Градски судови (3) Стопански спорови (10) Постапка за предмети од мала вредност во (4) Приватни тужби локалните судови (5) Регистер на предмети од мала вредност во (11) Обласни судови обласните судови (12) Првостепени судови за предмети од мала (6) Стопански спорови во стопанските судови вредност (7) Приватни резиденцијални станарски (13) Трибунал за предмети од мала вредност одбори Извори: релевантни законски прописи на соодветните земји. Забелешка: Судовите од прв степен ги вклучуваат сите првостепени судови, како и обласните судови, во зависност од видот на спорот. 41. Многу малку земји имаат посебни судови за предмети од мала вредност. Во Грција постојат основни судови за предмети од мала вредност, додека пак Малта31 има трибунал за предмети од мала вредност. Во Австрија, Данска, Унгарија, Летонија, Полска32, и Шведска, постапката по предметите од мала вредност потпаѓа под надлежност на обласните судови. Во Хрватска, Франција, Ирска, Литванија и Словенија голем број спорови се решаваат во обласните судови, но сепак одредени предмети може да се во надлежност на други судови во зависност од видот на предметот. На пример, во Хрватска стопанските спорови се во надлежност на стопанските судови, додека пак во Ирска Приватните резиденцијални станарски одбори се занимаваат со лични повреди, долгови и проблеми со договорите за закуп. 31 Во Малта, арбитрите на трибуналот за предмети од мала вредност се назначуваат од редот на адвокатите – кои имаат работно искуство во адвокатурата од најмалку седум години – за мандат од пет години. Судиите не можат да бидат избрани повторно. 32 Во Полска, предметите од мала вредност потпаѓаат под надлежност на редовните судови кои се пак поделени во оддели. Доколку тужбата е парнична, по неа се постапува во рамките на парничниот оддел на обласниот суд. Доколку се работи за стопански спор, се решава во рамките на стопанскиот оддел на обласниот суд. Овој првиот оддел задолжително мора да постои во секој суд. Овој вториов може да биде доделен на најефикасната локација каде што судот има надлежност над предметот. 15 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Во Естонија, Германија, Португалија, Романија и Словачка, релевантните првостепени судови имаат надлежност во зависност од видот на спорот. Во Италија и Луксембург, постапката по предметите од мала вредност се спроведува во рамките на мировните судови. 9. Постапка 42. Со оглед на тоа дека целта на постапката за предметите од мала вредност е споровите да бидат решени на поедноставен, побрз и поевтин начин отколку со вообичаената постапка, најголем дел од земјите овозможуваат исклучоци од правилата и стандардните постапки без притоа да се компромитира процесот на правично судење. Ова може да подразбира поедноставни правила за изведување на докази, сослушување на сведоци односно донесување на пресуда. Во некои земји целата постапка може да се спроведе во писмена форма и странките не мора воопшто да доаѓаат во судот. 43. Не постои стандарден образец за постапката за предметите од мала вредност соодветен за сите и најголем дел од земјите имаат сопствен пристап кој ги исполнува нивните конкретни потреби. Некои земји може да одлучат да ги олеснат правилата за докажување, додека пак други може да одлучат поинаку. Во некои земји, постапката за предмети од мал вредност може да биде незадолжителна, додека пак во други таа е задолжителна. Некаде се потребни усни рочишта или пак постапката може целосно да се спроведе во писмена форма. 44. Разбирањето на различните видови на постапки за предмети од мала вредност може да им помогне на земјите да ги изберат оние постапки кои најмногу им одговараат на нивните потреби и расположливи ресурси. Во Табела 4 и во делот подолу дадени се некои од главните карактеристики на постапките за предмети од мала вредност во ЕУ. Тука се вклучува дали постапката е задолжителна или не, дали рочиштата се одржуваат усно или во писмена форма, правилата за изведување на доказите и донесување на пресудите, улогата на судијата, како и какви рокови, доколку ги има, се предвидени за да се осигури дека брзото спроведување на постапката. 45. Задолжително/незадолжително: Во најголем дел од земјите на ЕУ, постапката за предметите од мала вредност е незадолжителна, но откога ќе се поведе, не може понатаму да се врати во вообичаената постапка.33 Данска има флексибилен систем каде што странките можат да изберат дали сакаат постапка за предмети од мала вредност или вообичаена постапка – без оглед на прагот – освен доколку се работи за спор помеѓу потрошувач и деловен субјект, во кој случај предметот мора да се реши со спроведување на постапката за предмети од мала вредност. Во Естонија и Германија, поедноставената постапка постои како можност и се користи по избор на судот, без оглед на тоа што странките претпочитаат. Само во Грција и Литванија постапката за предмети од мала вредност е задолжителна, како за странките така и за судот. 46. Рочишта: Во 12 земји на ЕУ, судските рочишта не се задолжителни и судот може да одлучи дека ќе го решава спорот во постапка во писмена форма (Естонија, Германија, Грција, Летонија, Литванија, Луксембург, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шведска и ОК). Меѓутоа, странките можат да побараат усна постапка или пак судот може да го смета тоа за потребно доколку, на пример, предметот е премногу сложен. Во Хрватска, Данска, Франција, Ирска, Италија, Малта, Холандија, 33 Во Данска, Полска, Романија и ОК, меѓутоа, судот може да одлучи да го префрли спорот во вообичаената постапка доколку предметот е премногу сложен. 16 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Португалија и Шпанија, од друга страна, постапката за предметите од мала вредност е усна и странките и нивните застапници задолжително треба да присуствуваат на рочиштето. Во Франција, Ирска и Италија судијата, регистрарот или мировниот судија соодветно прво се обидуваат да ги порамнат странките и само доколку ваквото порамнување е неуспешно предметот се префрла во постапката за предмети од мала вредност. 47. Изведување на докази: Неколку земји воведоа пофлексибилни и не толку строги правила за изведување на доказите во споредба со вообичаената постапка. Во Естонија, Германија, Грција, Малта, Полска, Романија, Словенија и ОК, формалните барања за изведување на докази не мора да се применуваат. На пример, судот може да сослуша сведок или вештак по телефон или во писмена форма или пак да прифати друг вид на доказ (на пример: искази кои не се дадени под заклетва). Во Австрија, за спорови под 1.000 ЕУР вообичаените правила на докажување исто така не мора да се применуваат и судијата може да одлучи да занемари одредени докази во одредени предмети. За потребите на брзото решавање на предметите, некои земји имаат ограничувања во однос на вештаците. Во Полска, не постои можност за сослушување на вештаци, додека пак во Португалија може да биде сослушан само еден вештак. Во ОК, судијата одлучува за секој предмет поединечно, дали ќе бидат сослушувани вештаци или не. Во Малта, Законот за трибуналот за предмети од мала вредност изречно предвидува дека постапката нема да се смета за неважечка дури и ако формалностите не се докрај почитувани, сѐ додека постои значителна усогласеност со прописот.34 Во Франција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Словачка, Шпанија и Шведска, меѓутоа, правилата за изведување на докази се исти како и кај вообичаената постапка. 48. Пресуди: Во Австрија, Естонија, Германија, Грција, Ирска, Малта, Португалија, Словенија и ОК формалните услови за пресудата се и онака флексибилни и поедноставени и судијата може, на пример, да го испушти описот на фактите во својата пресуда. Во Грција, Ирска, Словенија и Шпанија судот ја донесува својата пресуда веднаш по одржувањето на усното рочиште. Во Франција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Полска, Словачка, Шпанија и Шведска содржината на пресудата мора да биде иста како и кај вообичаената постапка. 49. Улогата на судијата: Во неколку земји судиите имаат поинтерактивна улога со странките во постапката за предметите од мала вредност отколку кај вообичаената постапка. На пример, во Австрија, од судиите се бара да им дадат на странките соодветни насоки за пополнување на обрасците и нивните процедурални права и обврски, како и сите законски последици од нивните дејствија односно пропусти. Во Германија, судот е должен да ја објасни постапката и појасни нејасните прашања. Судиите во Данска имаат активна улога, учествуваат во подготовката на предметот и им помагаат и ги насочуваат странките, додека пак, од друга страна, во Луксембург судовите и судските службеници немаат обврска да им помагаат на странките. Во Хрватска, споровите од мала вредност можат да бидат доделени на судските советници кои се јавни службеници, додека пак во Малта, адвокат претседава со трибуналот за предмети од мала вредност. 50. Брзина: Неколку земји имаат пократки рокови за постапката за предмети од мала вредност отколку за вообичаената постапка. Во Унгарија, на пример, судот мора да го прегледа поднесениот образец со тужбеното барање од мала вредност во рок од осум дена и да закаже прво рочиште во рок од 60 дена од приемот на поднесениот образец. Во Италија, времето помеѓу доставувањето на поканата и појавувањето во судот е половина од истиот временски период кај вообичаената постапка, а пресудата треба 34 Член 9(3) од прописот за трибуналот за предмети од мала вредност 17 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ да биде донесена во рок од 15 дена по крајното рочиште. Во Литванија, просечното времетраење на постапката за предметите од мала вредност е предвидено да биде еден до три месеци, додека пак во Португалија рочиштето се одржува во рок од 30 дена од поднесувањето. Меѓутоа, Законот за парнична постапка на Летонија не предвидува никакви рокови за спроведување и разрешување на предметите од мала вредност. ТАБЕЛА 4 Главни карактеристики за постапките за предметите со мала вредност во земјите членки на ЕУ Земја Незадолжит Задолжител Незадолж Задолжител Отстапки од Вообичаени Отстапки од Вообичаени елна на постапка ителни ни рочишта вообичаените правила за вообичаените правила за постапка рочишта правила за изведување правила за донесување изведување на на доказите донесувањето на пресуда доказите на пресудата Австрија X - - X X Хрватска - - X - - - - Данска X X - - Естонија X X X X Франција X X X X Германија X X X X Грција X X X X Унгарија - - - - X X Ирска X X X X Италија* - - X X X Летонија X X X X Литванија X X X X Луксембург X X X X Малта X X X X Холандија - - X X - - Полска X X X X Португалија X X X X Романија X X X - - Словачка - - X X X Словенија - - X X X Шпанија - - X X X Шведска X X X X ОК X X X X Извори: Портал за електронска правда: Постапка за предмети од мала вредност, релевантни законски прописи на соодветните земји, информации од интернет страници на судовите на соодветните земји. Забелешка: „X“ значи да, а „–“ значи дека нема достапни податоци 51. Должина на постапките: Брзата постапка е камен темелник на патеката за предметите со мала вредност. Иако нема статистички податоци за земјите членки на ЕУ28 за просечната должина на постапките, најголем дел од земјите имаат временски рокови за различните чекори од постапката, на пример: за закажување на рочиште по приемот на тужбеното барање од мала вредност, за тоа кога тужителот и тужениот треба да одговорат, за тоа кога мора да биде донесена одлуката, како и за тоа кога треба да биде поднесена жалбата. Во Ирска, доколку странките не успеале да постигнат согласност преку Регистрарот, се повикуваат на судско рочиште, а законот предводува дека судското рочиште треба да биде закажано најмалку 14 дена откога судот го примил тужбеното барање од мала вредност иако, во пракса, странките се известуваат дека треба да се појават на суд во рок од еден месец. Во Унгарија судот треба да го закаже рочиштето во рок од 60 дена по добивањето на тужбеното барање од мала вредност, додека пак во Португалија рочиштето треба да се одржи во рок од 30 дена. 52. Извршување на одлуките: Извршувањето на одлуките влијае врз ефикасноста на постапката за предмети со мала вредност. Имено, неколку земји немаат конкретни постапки за олеснување на извршувањето на тужбените барања од мала вредност. Во ОК, доколку должникот не плати откога ќе го добие судскиот налог, барателот може да побара од судот да изврши наплата или пак да испрати извршители за наплата. Барателот треба да плати уште една судска такса (освен таксата која ја платил за постапката за предмети од мала вредност) за судот да постапи по ова барање. Во 18 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Ирска, доколку тужениот не плати во рок од 28 календарски денови, барателот може да му се обрати на Шерифот и да побара извршување на одлуката. 10.Правила и надоместоци за адвокати 53. Една важна карактеристика на постапката за предмети од мала вредност е дека во оваа постапка честопати нема потреба странските да бидат застапувани од страна на адвокат. Во најголемиот број на земји, странките можат слободно да ангажираат адвокат доколку сакаат, меѓутоа најчесто немаат право на правна помош. Во некои земји странките може да бидат застапувани од страна на лица кои не се адвокати (Малта, Летонија и ОК), додека пак во други земји (Франција и Грција) законот предвидува кој сѐ може да ги застапува странките, вклучувајќи го тука сопружникот, регистрираниот партнер или родителите. Во Австрија, Данска и Германија, судијата е тој кој што ги советува и ги насочува странките во текот на постапката, меѓутоа може да бидат присутни и адвокати, а во некои случаи нивното присуство е задолжително (видете го делот 55 подолу).35 Според ДуингБизнис, од сите земји на ЕУ само Литванија не дозволува странките да се застапуваат самите себеси во постапките по предметите од мала вредност. Во Летонија, користењето на адвокат е незадолжителни. Не беа најдени статистички податоци за тоа дали користењето на адвокати придонесува до побрзо спроведување на постапките за предметите од мала вредност. 54. Како и кај различните можности во однос на постапката за предметите од мала вредност, така и правилата и надоместоците за адвокатите се различни во различни земји членки. Земјите треба да ги разгледаат достапните можности и да ги одберат решенијата кои најмногу одговараат на нивните потреби и ресурси. 55. Задолжително законско застапување: Во некои земји правното застапување е задолжително за предмети со вредност над одреден износ. На пример, во Австрија странките задолжително треба да имаат законски застапник доколку тужбеното барање надминува 5.000 ЕУР, во Италија странките мора да имаат законски застапник доколку барањето е поголемо од 1.100 ЕУР, а во Шпанија законското застапување е задолжително за тужбени барања над 2.000 ЕУР. 56. Незадолжително законско застапување: Во Хрватска, Данска, Франција, Грција, Ирска36, Летонија, Литванија и Холандија законското застапување е незадолжително. Така, во најголем дел од овие земји странките не можат воопшто да побараат правна помош. Понатаму, во земјите каде што законското застапување не се смета за неопходно, сите странки ги покриваат своите трошоци и немаат право на поврат на адвокатските трошоци од губитничката страна. Постојат одредени исклучоци од ова правило: во Холандија и Летонија судијата може да одлучи дека губитничката страна исто така треба да ги плати трошоците за правна помош на спротивната страна. 57. Вообичаени правила за надоместоците на адвокатите: Во Австрија, Германија, Италија и Летонија важат правилата на вообичаената постапка во однос на ангажирањето на адвокати и нивните надоместоци. 35 Нема многу информациите на англиски јазик во врска со правилата и надоместоците за адвокатите и ова треба да се има предвид при разгледувањето на проценките дадени во овој дел. 36 Во Ирска деловните субјекти мора да имаат правни застапници во предметите од мала вредност, додека пак потрошувачите не мораат. 19 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 58. Фиксни трошоци: Фиксирањето на надоместоците на адвокатите во споровите од мала вредност претставува добар начин да се спречи ненадејното зголемување на трошоците на странките. Данска одлучи да утврди фиксни трошоци за оние кои би сакале да бидат застапувани од законски застапник во постапка за предмет од мала вредност. Трошоците се 2.7000 ДКК (360 ЕУР) за предмети за кои е потребно најмногу еден час во суд, 4.000 ДКК (540 ЕУР) за предмети до два часа и 6.000 ДКК (805 ЕУР) за предмети до три часа. Стапките се пониски за релативно ниски износи: 1.500 ДКК (200 ЕУР) за предмети со вредност помала од 5.000 ДКК (670 ЕУР) и 2.500 ДКК (335 ЕУР) за предмети со вредност помеѓу 5.000 и 10.000 ДКК (670 – 1.340 ЕУР). 59. Правна помош: Во најголем дел од земјите на ЕУ, странките во постапките по предметите од мал вредност немаат право на правна помош. Постојат одредени исклучоци: во Естонија, Унгарија, Летонија, Холандија и Словенија странките во постапките по предметите од мала вредност може да добијат правна помош доколку се смета дека имаат потреба. Правната помош може да се обезбеди само делумно бесплатно, а од барателот може да биде побарано да придонесе за покривање на трошоците во согласност со неговата финансиска состојба. 60. Принципот губитничката страна плаќа: Во Естонија, Унгарија, Летонија, Малта, Полска, Португалија, Романија и Словенија губитничката страна ги плаќа сите трошоци, вклучувајќи ги тука и адвокатските трошоци на спротивната страна. Луксембург избра малку поинакво решение: иако губитничката страна обично ги плаќа трошоците на другата страна, адвокатските трошоци најчесто не се враќаат, но судијата може да ѝ додели на добитничката страна паушален износ во кој може да бидат вклучени и адвокатските трошоци. Во Шведска, добитничката страна може да ги врати адвокатските трошоци само до износ еднаков на еден час адвокатски ангажман (како и надоместоците и трошоците за патување и превод). Во ОК, добитничката страна може да побара поврат на сите трошоци за судски такси, но трошоците за правни совети (до 260 ГБП) може да се побараат само во одредени видови на предмети. За разлика од тоа, во Ирска, секоја страна ги плаќа своите такси, а губитничката страна не ги надоместува адвокатските трошоци. 11. Постапки по жалба 61. За да се спречи прекумерното исцрпување на судските ресурси, многу земји ги ограничуваат можностите за жалба за предмети од мала вредност. Овозможувањето на граѓаните и деловните субјекти да ги решаваат споровите од мала вредност во суд може да го олесни пристапот до правдата, но дозволувањето споровите да се одвиваат во рамките на повеќе степени би можело да биде скапо за судовите. Во Табела 5 се дадени постапките по жалба за предметите од мала вредност во земјите членки на ЕУ, како и дали е воопшто можно да се поднесе жалба. 62. Во Франција, Грција, Унгарија, Полска, и Словенија не постои право на жалба, но некои земји прават исклучок за процедурални прашања (на пример доколку е сторено сериозно прекршување на процедуралниот закон). Во Шведска судот по жалба треба да даде дозвола, а судот ја дава дозволата само ако разгледувањето на предметот би влијаело врз судската пракса или доколку се очекува одлуката на понискиот суд да биде преиначена.37 63. Во други земји, правото на жалба зависи од вредноста на барањето. Во Данска, жалбите се можни само за предмети со вредност поголема од 10.000 ДКК (1.330 ЕУР), додека пак во Германија може да се поднесе жалба за предмети со 37 Истите правила важат и за жалбите во рамките на вообичаената судска постапка во Шведска. 20 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ вредност помал од 600 ЕУР само доколку првостепениот суд изречно го дозволи поднесувањето на жалба. Во Австрија, правото на жалба е ограничено: за предмети чија вредност не надминува 2.700 ЕУР, жалбите се допуштени за процедурални прашања или доколку судот направил сериозна процедурална грешка со што постапката станува неважечка, но за предметите со вредност поголема од 2.700 ЕУР важат вообичаените правила за поднесување на жалби. Во Италија не е можно да се поднесе жалба за предмети со вредност помала од 1.100 ЕУР, во Холандија жалби може да се поднесуваат за предмети со вредност поголема од 1.750 ЕУР, а во Шпанија жалби може да се поднесат само за предмети со вредност поголема од 3.000 ЕУР. 64. Естонија, Ирска, Литванија, Малта, Португалија, Романија и Словачка допуштаат жалби по предмети од мала вредност во сите степени. Во Летонија, жалбите се допуштени само до второстепениот суд, а не и до третиот степен. Во некои земји, како Ирска, постапката за предмети од мала вредност не се применува повеќе доколку се поднесе жалба. Ова значи дека таксите се поголеми, законското застапување е задолжително, а судијата може да одлучи надоместување на трошоците на барателот. ТАБЕЛА 5 Можности за жалба во постапката за предмети од мала вредност во земјите членки на ЕУ Земја Можности за жалба Австрија Правото на жалба е ограничено според австриските закони. За предмети со вредност помала од 2.700 ЕУР, жалбите се допуштени само за процедурални прашања односно врз основа на ништовност, т.е. во случај на исклучително сериозни процедурални грешки. За предмети со вредност поголема од 2.700 ЕУР важи вообичаената постапка за жалби. Хрватска - Данска Нема можност за жалба за предмети чија вредност е помала од 10.000 ДКК (1.330 ЕУР) Естонија Жалбите во поедноставената постапка се поднесуваат како и кај вообичаената постапка. Жалбите се поднесуваат до обласните судови Франција Нема можност за жалба Германија Доколку вредноста на предметот не надминува 600 ЕУР, жалба не е допуштена освен доколку првостепениот суд изречно не дозволи да се поднесе жалба. Грција Нема можност за жалба Унгарија Жалби може да се поднесуваат само врз основа на сериозно прекршување на процедуралните правила или погрешна примена на законските прописи. Ирска Допуштена е жалба до обласниот суд Италија Доколку вредноста на спорот не надминува 1.100 ЕУР не е можно да се поднесе жалба. Жалба е допуштена доколку постои прекршување на процедуралните прописи, уставното право или правото на Заедницата или пак принципите на материјалното право Летонија Допуштена е само една жалба. Не е допуштена касација до третиот степен. Литванија Жалби може да се поднесуваат во рок од 30 дена по донесувањето на пресудата Луксембург Вообичаените правила за поднесување на жалби се применуваат за платните налози, додека пак предметите пред мировниот судија може да бидат обжалени доколку вредноста на предметот надминува 1.250 ЕУР. Малта Жалбите се поднесуваат до апелациониот суд со поднесување на барање во судскиот регистер. Холандија Допуштени се жалби за предмети кои надминуваат 1.750 ЕУР. За парничните предмети жалби се поднесуваат до четирите надлежни апелациони судови, а за управните предмети жалбите се поднесуваат до двата надлежни апелациони судови (еден за прашања поврзани со планирање, а друг за државни службеници). Полска Жалба е допуштена само за процедурални прашања и по истата одлучува судија поединец (наместо совет од тројца судии) во писмена постапка. Португалија Жалбите не се предмет на конкретни правила и, според тоа, се допуштени како и кај вообичаената постапка. Романија Жалбите се допуштени. Словачка Можноста за поднесување на жалба е иста како и кај вообичаената постапка. Жалбите се поднесуваат во рок од 15 дена од одлуката Словенија Допуштени се жалби само за процедурални прашања. Шпанија Жалбите се допуштени само за предмети со вредност поголема од 3.000 ЕУР. Жалбите се поднесуваат до истиот суд во рок од 20 дена од донесувањето на пресудата. 21 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Шведска Жалбите се допуштени, но потребна е дозвола од апелациониот суд. Дозволата за жалба може да се добие само доколку разгледувањето на предметот би можело да има пообемно влијание врз примената на законите или пак доколку се очекува судската одлука да биде преиначена по жалба. Жалбите се поднесуваат до надлежниот апелационен суд (Hovrätt) ОК Жалба не може да се поднесе за прашања од материјалното право. Странката мора да побара дозвола од првостепениот судија и притоа да обезбеди уверливо образложение. Паричните побарувања може да бидат обжалени во рок од 21 ден од одлуката. Извори: Портал за електронска правда: Постапка за предмети од мала вредност, релевантни законски прописи на соодветните земји, информации од интернет страници на судовите на соодветните земји. Забелешка: „–“ значи дека нема достапни податоци. 12.Примена на технологија 65. Примената на технологија во постапката за предмети од мала вредност има неколку придобивки: го олеснува пристапот до информации и пристапот до правдата, го намалува административното оптоварување за сите актери и ги забрзува постапките. Иако е остварен одреден напредок, неколку земји сѐ уште не нудат никакви електронски услуги, додека пак други земји нудат само можност за симнување на обрасците од интернет и пребарување на информации на интернет. Во низа земји, за поднесување на тужба сѐ уште треба да се помине традиционалната постапка која подразбира пополнување на образец во хартиена форма доставување на истиот по пошта или пак лично во соодветниот суд. 66. Најновиот семафор на правдата во ЕУ покажува дека нема значителни разлики помеѓу земјите на ЕУ во однос на можностите на странките да го спроведат својот предмет од мала вредност преку интернет, како што е прикажано на Слика 8. Не се забележуваат одредени регионални шеми. Естонија, Литванија, Малта и Португалија нудат најсеопфатни пакети со информации и услуги на интернет, вклучувајќи како да се: поведе постапката за предмет од мала вредност, добијат информации за соодветните законски прописи и права, споделуваат доказите и придружната документација, добијат пресуди и поднесе жалба против одредена судска одлука. Охрабрувачки е дека во споредба со претходната година, има подобрувања во сите категории.38 38 Семафор на правдата на ЕУ 2016 година, 22, достапен на: http://ec.europa.eu/justice/effective- justice/files/justice_scoreboard_2016_en.pdf, 20 22 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ СЛИКА 8 Одредници за постапките за предмети од мала вредност на интернет Добивање на информации за започнување Obtain information how to start Информации поврзани со прописите и правата Information on related legislation and rights Поведување на постапка за предмет од мала вредност Starting a small claim procedure Споделување на докази и придружна документација Share evidence/ supporting documents Информации за работата по предметот Information on case handling Добивање на пресуди Retrieve judgement Жалба против судска одлука Appeal against court decision 700 600 500 400 300 200 100 0 EE LT MT PT IE LV NL PL AT LU DK SE SI IT FR ES DE UK EL SK HR RO HU Извор: Семафор на правдата на ЕУ 2016 година, Слика 22. 67. Во најголем дел од земјите постои јаз помеѓу обезбедувањето на информации за постапката за предметите од мала вредност и понудата на услуги преку интернет.39 Само Естонија, Литванија, Малта и Португалија постигнале 100 проценти во делот на достапност на интернет. Според Извештајот за основни податоци на Европската комисија Испорачување на Европската предност,40 поднесувањето на жалба во постапка по предмет од мала вредност е услугата односно информациите кои најретко се нудат преку интернет во оние земји каде што жалбите се допуштени. 68. Австрија, Данска, Естонија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Словенија, Шведска и ОК нудат одредени електронски услуги, на пример електронско поднесување на предметите (Данска, Ирска, Словенија, и Шведска). Во Полска, во одредени судови, странките можат да се најават и да ја проверат состојбата на својот предмет, но предметот не се работи електронски. Ирска и ОК (предмети помали од 100 ГБП) нудат „редовни“ електронски услуги и исто така овозможуваат спроведување на алтернативна постапка за „предмети од мала вредност на интернет“41 која обласните судови ја спроведуваат целосно преку интернет и која им е достапна и на потрошувачите и на деловните субјекти. 39 Има многу малку информации за електронските услуги достапни на интернет и на англиски јазик и тоа за помалку од половината од земјите во ЕУ. 40 European Commission, Delivering the European Advantage? How European governments can and should benefit from innovative public services, Final Background Report, May 2014, 104, достапен на: https://www.capgemini.com/resource-file-access/resource/pdf/background_report_20-05_final_for_ec_0.pdf 41 ОК: парични побарувања на интернет, достапно на: https://www.gov.uk/make-money-claim-online Ирска, достапно на: http://www.courts.ie/Courts.ie/Library3.nsf/0/50A0FEDF19079201802574050061745F?OpenDocument 23 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ ТАБЕЛА 6 Можност за електронско плаќање н судските такси Да Не Електронски 69. Во ОК, неодамна беше спроведено истражување42 Земја плаќање на судските такси за тоа како алатките и услугите на ИКТ може да Австрија заземат поцентрална улога во секојдневното Белгија правораздавање. Целта е да се дигитализираат Бугарија процесите на судовите, вклучувајќи тука и создавање Хрватска на интернет суд за спорови од мала вредност. Кипар Чешка Предложената структура подразбира автоматизиран Данска процес кој ќе им помогне на странките да ја утврдат Естонија природата на нивното барање, управување со Финска предметот и порамнување спроведено главно по Франција телефон или преку интернет од страна на службеници Германија кои работат на предметот, како и донесување на Грција одлука од страна на судијата или во писмена форма, Унгарија Ирска по телефон или лице в лице. Италија Летонија 70. Според семафорот на правдата на ЕУ за 2015 Литванија година,43 електронското постапување по предметите, Луксембург дел од комуникацијата помеѓу судовите и странките, е Малта Холандија достапно во најголем дел од земјите на ЕУ со исклучок Полска на Хрватска, Грција, Унгарија, Словачка и Португалија Словенија. Во Германија и Италија, ова постои само Романија во неколку судови. Во Шведска и Романија, предмет Словачка може да се поднесе преку интернет, но сепак потребно Словенија е да се достави и потпишана хартиен примерок од Шпанија Шведска предметот до судот. Податоците од најновиот ОК ДуингБизнис покажуваат дека повеќе од една третина од земјите на ЕУ не нудат електронско плаќање на судските такси44, како што може да се види во Табела 6. Извор: семафор на правдата на ЕУ 2016 година 13.Свесност на постапката за предмети од мала вредност 71. Главна пречка за користење на постапката за предмети од мала вредност е тоа што пошироката јавност не знае дека ваква постапка постои.45 Како што се гледа од Слика 9, обемот на луѓе кои се свесни за постоењето на постапката за предмети од мала вредност во земјите на ЕУ се движи од 4 до 42 проценти. Според посебниот Евробарометар 395, 75 проценти од граѓаните на ЕУ не знаеле или пак воопшто не чуле за постапката за предмети од мала вредност. Можеби може да се испита можноста за спроведување на кампањи за зголемување на свеста насочени кон пошироката јавност и одредени корисници на судовите, со цел да се поттикне примената на овој вид на постапка. 42 The Register ”We’re four years away from digitizing England’s courts – report”, 19 February 2016, достапно на http://www.theregister.co.uk/2016/02/19/fouryear_target_for_digital_court_in_england_ambitious_but_not_unwork able_says_expert/ 43 Семафор на правдата на ЕУ 2015, достапен на: http://ec.europa.eu/justice/effective- justice/files/cepj_study_scoreboard_2015_en.pdf 44 Податоците не прават разлика помеѓу постапката за предмети од мала вредност и редовната постапка. Поради тоа тука се вклучени и земјите кои немаат посебна постапка за предмети од мала вредност. 45 Посебен Евробарометар 395, 64 24 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ 72. Освен зголемување на свеста, би можеле да се нагласат и низа други карактеристики за поттикнување на граѓаните да поведат постапка за предмет од мала вредност. Според истражувањето на Евробарометарот46 тука се вклучува можноста за водење на постапката на далечина, во писмена форма, на интернет и без потреба од адвокат. Понатаму, две третини од испитаниците искажаа дека поверојатно е да одат на суд за спор со вредност помала од 2.000 ЕУР, доколку добијат бесплатна правна помош. Ова укажува на тоа дека населението не знае како функционира постапката и дека истата може и треба да се спроведе без помош од адвокат. Тука, свој придонес за пошироката примена на оваа постапка може да дадат организациите на потрошувачи, како и лесно достапните информации за постапката. СЛИКА 9 Свесност за поедноставената постапка за предмети од мала вредност по земји Да, сте чуле за неа, но не сте ја примениле Yes, you have heard about it but never used it Да, сте чуле за неа и сте ја примениле Yes, you heard about it and used it Не, не сте чуле за неа Не знам No, you have not heard about it Don't know 100% 80% 60% 40% 20% 0% EE IE UK SL FR SE MT LU NL AT ES PL HR SK IT LV LT DE HU PT BG EL RO Извор: Посебен Евробарометар 395, 65. 14. Заклучоци и препораки 73. Судствата ширум светот бараат иновативни начини да го поедностават забрзаат разрешувањето на споровите од мала вредност. Во овој извештај дадени се одредени споредбен докази за тоа како судствата во ЕУ успеале да ја постигнат оваа цел преку постапките за предмети од мала вредност. Земјите се разликуваат меѓу себе, но сепак постојат значајни заеднички карактеристики какви што се: пониските судски такси, видовите на предмети кои се квалификуваат за оваа постапка, праговите на тоа што значи предмет од мала вредност, институционалната поставеност, поедноставена постапка, можност за самостојно застапување, ограничени можности за жалба, како и примена на технологијата. 74. Од анализата произлегуваат одредени препораки: i. Судските такси треба да бидат помали од 10 проценти од вредноста на предметот од мал вредност односно најдобро би било да бидат помали од 5 проценти. Истражувањето покажува дека судските такси кои се повисоки од 10 проценти од вредноста на барањето се сметаат за несоодветни и најверојатно ќе ги одвратат граѓаните од остварувањето на своите права. Според тоа, во постапките за предметите од мала вредност се препорачува судските такси да бидат мали или воопшто да ги нема. ii. Праговите треба да го одразуваат локалниот контекст, но треба да се доволно ниски за да овозможат достапност на големи групи на потенцијални судски корисници. Со оглед на тоа дека постојат многу различни прагови за постапките за предметите од мала вредност во ЕУ (од 600 46 Ибид. 9 25 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ ЕУР во Германија до 25.000 ЕУР во Холандија) тешко е да се процени кој е оптималниот праг. Меѓутоа, прагот од 2.000 ЕУР, воведен од страна на ЕУ за Европската постапка за предмети од мала вредност за прекугранични спорови, би можел да послужи како барометар за одредување на еден разумен праг. При утврдувањето на праговите, творците на политиките треба да ги разгледаат приходите по глава на жител и локалните трошоци на живот. iii. Видовите на спорови опфатени со оваа постапка треба да ги вклучуваат најмалку парничните и стопанските предмети. Иако во неколку земји се опфатени и други видови на спорови, парничните и стопанските спорови се предмет на постапката за предмети од мала вредност со сите земји опфатени со оваа студија. Иако не постојат конкретни податоци за ова, голем дел од споровите од мала вредност се чини дека се помеѓу потрошувачи и продавачи, како и помеѓу мали бизниси. Семејните спорови често пати (но не секогаш) се изречно исклучени од постапката за предмети од мала вредност. iv. Постапката треба да ја обезбеди флексибилност за и усогласеност со потребите на граѓаните и бизнисите. Една од главните карактеристики на постапката за предмети од мала вредност е нејзината флексибилност, со што се овозможува побрзо решавање на предметот. Една особено добра пракса постои во Малта каде Актот за трибуналот за предмети од мала вредност предвидува дека постапката нема да се смета за неважечка дури иако формалностите не се докрај почитувани, сѐ додека постои значителна усогласеност со законот. v. Судиите треба да имаат активна улога во постапката. Една од главните карактеристики на постапката е можноста странките да се застапуваат себеси. Значи, за да се обезбеди правично судење и дека странките кои немаат законски застапници не се во понеповолна положба, судијата во предметот од мала вредност треба да има поактивна улога и да ги води странките во текот на процесот. За ова најверојатно ќе биде потребно внимателно бирање на судии вешти во ваквиот начин на работење, а исто така најверојатно ќе бидат потребни и обуки за да се поттикне проактивната култура кај судиите во предметите од мала вредност. vi. Електронските услуги треба да се нудат секаде каде што е можно, со аналогни резерви. Како што се гледа од извештајот, во многу случаи постапката за предмети од мала вредност може да се спроведе целосно во писмена форма и може и да нема потреба од судски рочишта. Според тоа, спроведувањето на целата постапка преку интернет треба да претставува можност за сите судови. Судовите треба да им ја понудат на странките барем можноста да ги плаќаат судските такси преку интернет и да ги доставуваат барањата преку интернет. Можноста за лично појавување во суд секогаш треба да постојат за ранливите групи, како што се постарите лица и лицата со ограничен пристап на интернет, со тоа што очекувањата се дека побарувачката за вакви услуги со лично појавување со судот ќе се намали на среден рок. vii. Творците на политиките треба да испитаат како најдобро може да се осигури делотворното извршување на пресудите по предметите со мала вредност. Од гледна точка на корисникот, постапката за извршување претставува клучен чекор на нивниот пат до правдата, дури иако судот ја гледа како посебна постапка. На пример, доколку брзата постапка доведе до брза пресуда, но извршувањето на донесената одлука е долготрајно односно бара дополнителни трошоци, каков што е случајот во ОК, граѓаните и малите бизниси може и понатаму да не се поттикнати да поднесуваат валидни предмети во судовите. Во тој случај, во реформите треба да се вградат и подобрувања на постапката за извршување. viii. Зголемување на свеста за можноста за спроведување на брза постапка. Истражувањата покажуваат дека 75 проценти од граѓаните на ЕУ не знаат дека постои постапка за предмети од мала вредност, тала што голем дел од 26 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ граѓаните и деловните субјекти работат под погрешната претпоставка дека процесот ќе биде долг, а трошоците ќе бидат високи. Земјите кои веќе имаат постапка за предмети од мала вредност треба да ја разгледаат можноста за спроведување на кампањи за зголемување на свеста за да ги поттикнат деловните субјекти и граѓаните да ја користат оваа поволна услуга како дел од посеопфатните иницијативи на владата за посоодветно задоволување на потребите на граѓаните. Земјите кои сакаат да воведат ваква постапка треба да го согледаат информирањето како клучен дел од целосното спроведување на ваквите реформи. 75. Разрешувањето на предметите од мала вредност по брза постапка има многу придобивки: го штеди времето на судот и ги ослободува судските ресурси, го намалува заостатокот и го подобрува пристапот до правдата за обичните граѓани и микро и малите претпријатија. Земјите кои немаат постапка за предмети од мала вредност или пак сакаат да ја подобрат делотворноста на своите постоечки постапки, би постапиле добро доколку согледаат како најдобро да ги вградат овие добри практики во своите контексти. 27 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Анекс A: Прагови за предмети од мала вредност во апсолутни бројки Земја Праг Австрија 15.000 ЕУР за финансиски спорови Не се однесува на работни спорови и предмети поврзани со социјална заштита Хрватска Приватни тужби: 5.000 ХРК (600 ЕУР) Стопански спорови: 50.000 ХРК (6.000 ЕУР) Данска 50.000 ДКК (6.700 ЕУР) Естонија 2.000 ЕУР Франција 4.000 ЕУР Германија 600 ЕУР Грција 5.000 ЕУР Унгарија 1.000.000 ХУФ (3.460 ЕУР) Ирска 2.000 ЕУР Италија 5.000 ЕУР Летонија 2.100 ЕУР Литванија 5.000 ЛТЛ (1.450 ЕУР) Луксембург 10.000 ЕУР Малта 3.494.06 ЕУР Холандија 25.000 ЕУР Полска 10.000 ПЛН (2.355 ЕУР) Португалија 15.000 ЕУР Романија 10.000 РОН (2.300 ЕУР) Словачка 1.000 ЕУР Словенија 2.000 ЕУР 4.000 ЕУР за стопански спорови Шпанија Парнични предмети: 6.000 ЕУР Управни спорови: 13.000 ЕУР Шведска 22.150 СЕК (2.413 ЕУР) (предмет на годишно индексирање) ОК 10.000 ГБП (14.240 ЕУР) Телесни повреди, предмети против закуподавачи за поправки или други работи или оштетувања: 1.000 ГБП (1.424 ЕУР) Предмети кои се сметаат за едноставни: нема граница Извори: Портал за електронска правда: Судски такси во врска со постапката за предмети од мала вредност, изворите се наведени во библиографијата. 28 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Анекс Б: Судски такси за предмети до мала вредност Земја Судски такси за одредени вредности (ЕУР) 50 200 500 1000 2000 5000 10000 Австрија 22 43 61 102 102 299 707 Белгија* 35 35 35 35 35 35 35 Бугарија* 25 25 25 40 80 200 400 Хрватска 13,5 13,5 27 40 67 567 736 Кипар* 0 0 0 0 0 0 0 Чешка * 40 40 40 50 100 250 500 Данска 67 67 67 67 67 67 N/A Естонија 75 75 125 175 225 325 N/A Финска* 113 113 113 113 113 113 113 Франција 35 35 35 35 35 35 35 Германија 75 75 105 159 267 - - Грција 4,50 4,50 4,50 4,50 4,50 4,50 4,50 Унгарија 3 12 30 60 120 216 216 Ирска 25 25 25 25 25 25 25 Италија 37 37 37 37 85 85 206 Летонија 71,14 71,14 75 150 300 - - Литванија 15 15 15 30 60 150 300 Луксембург 0 0 0 0 0 0 0 Малта 23 23 23 23 23 23 23 Холандија 75 75 75 213 213 213 213 Полска 7 24 24 24 70 - - Португалија 102 102 102 102 102 102 102 Романија 4,50 17 41 79 139 308 486 Словачка 16,50 16,50 30 60 120 200 600 Словенија 54 54 78 126 165 - - Шпанија 0 0 0 0 0 0 0 Шведска 98 98 98 98 98 98 98 ОК 41 41 66 88 102 140 287 Извори: Портал за електронска правда: Судски такси поврзани со постапката за предмети од мала вредност, Европска комисија, Проценка на социоекономските влијанија на различните можни политики за иднината на европската регулатива за предмети од мала вредност, Конечен извештај, 2013, 58 Забелешка: Знакот * ги означува земјите кои немаат поедноставена постапка односно постапка за предмети од мала вредност. За овие земји табелата ја дава вредноста на судските такси за вообичаената постапка. 29 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Анекс В: Примена на технологијата кај предметите од мала вредност Земја Примена на технологија, на пример електронско поднесување, електронска услуга Австрија Да Хрватска Не Данска Да. Електронското поднесување на барања е можно од 1 јануари 2015 година. Се користат електронски системи за обработка на предметите, но процесот не е 100 проценти електронски Естонија Да Франција Да Германија Делумно. Неколку судови нудат електронска обработка на предметите од мала вредност Грција Не Унгарија Не Ирска Да. Можно е да се покрене постапка и да се плати таксата за барањето на интернет. Постои и алтернативна постапка за „предмети од мала вредност на интернет“ која ја овозможуваат обласните судови и е достапна за потрошувачите и деловните субјекти Италија Да, но не е достапна во сите судови Летонија Да. Стандардизираните обрасци се достапни на интернет Литванија Да Луксембург Електронска обработка на предметите од мала вредност (делумно или целосно) е можна на ниво на обласни судови и мировни судии Малта Да. Поднесоците може да се поднесуваат електронски Холандија Да Полска Да, постојат ограничени можности за електронско поднесување и електронски услуги. Португалија Да Романија Делумно. Постои можност за електронско поднесување на предмети од мала вредност во неколку судови, но странките исто така треба да ги достават и оригиналите во хартиена форма. Словачка Не, но обрасците може да се симнат од интернет Словенија Не Шпанија* - Шведска Нема електронски систем, но може да се достави предмет по електронска пошта. Меѓутоа, мора да се достави и потпишан примерок во хартиена форма. Обрасците се достапни на интернет. ОК Може да се примени и таканаречената постапка „парично побарување на интернет“, која што целосно се спроведува на интернет. Изворите се наведени во библиографијата, семафор на правдата на ЕУ за 2015 година Забелешка: Знакот – значи дека нема достапни информации 30 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Литература European Commission. 2015. Communication from the Commission to the European Parliament, the Council, the European Central Bank, the European Economic and Social Committee and the Committee of the Regions — The 2015 EU Justice Scoreboard. Brussels, Belgium: European Commission. http://ec.europa.eu/justice/effective-justice/files/justice_scoreboard_2015_en.pdf European Commission. 2016. Communication from the Commission to the European Parliament, the Council, the European Central Bank, the European Economic and Social Committee and the Committee of the Region - The 2016 EU Justice Scoreboard. Brussels, Belgium: European Commission. http://ec.europa.eu/justice/effective-justice/files/justice_scoreboard_2016_en.pdf European Commission. 2013. Assessment of the socio-economic impacts of the policy options for the future of the European Small Claims Regulation. Final Report. Brussels, Belgium: European Commission. http://ec.europa.eu/justice/civil/files/small_claims_report_ia_en.pdf European Commission. 2014. Delivering the European Advantage? How European governments can and should benefit from innovative public service. Final Background Report. Brussels, Belgium: European Commission. https://www.capgemini.com/resource-file- access/resource/pdf/background_report_20-05_final_for_ec_0.pdf European Commission. 2012. Special Eurobarometer 395. 2013. European Small Claims Procedure. Brussels, Belgium: European Commission. http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_395_en.pdf e-Justice Portal: Court fees concerning Small Claims Procedure. Accessed May to November 2016. https://e-justice.europa.eu/content_court_fees_concerning_small_claims_procedure-306- en.do e-Justice Portal: Small Claims Procedure. Accessed May to November 2016. https://e- justice.europa.eu/content_small_claims-42-en.do?clang=en The European Commission for the Efficiency of Justice (CEPEJ). 2016. European judicial systems. Efficiency and quality of justice. Edition 2016 (2014 data). Strasbourg, France: CEPEJ. http://www.coe.int/T/dghl/cooperation/cepej/evaluation/2016/publication/REV1/2016_1%20- %20CEPEJ%20Study%2023%20-%20General%20report%20-%20EN.pdf The European Commission for the Efficiency of Justice (CEPEJ). 2014. European judicial systems – Edition 2014 (2012 data): efficiency and quality of justice. Strasbourg, France: CEPEJ. http://www.coe.int/t/dghl/cooperation/cepej/evaluation/2014/Rapport_2014_en.pdf The European Commission for the Efficiency of Justice (CEPEJ). 2014 Study on the functioning of judicial systems in the EU Member States – Facts and figures from the CEPEJ 2012-2014 evaluation exercise. Strasbourg, France: CEPEJ. http://ec.europa.eu/justice/effective- justice/files/cepj_study_scoreboard_2014_en.pdf The European Commission for the Efficiency of Justice (CEPEJ). 2015. Study on the functioning of judicial systems in the EU Member States – Facts and figures from the CEPEJ questionnaires 2010-2012-2013. Strasbourg, France: CEPEJ. http://ec.europa.eu/justice/effective- justice/files/cepj_study_scoreboard_2015_en.pdf 31 Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност: Искуства од земјите членки на ЕУ Библиографија Consumer Europe Denmark: http://www.consumereurope.dk/Complaints/Small-claims-process-in-Denmark and http://www.consumereurope.dk/Complaints/Small-claims-process-in-Denmark/Instructions-on- filling-in-an-application-form Consumer Association of Ireland. http://thecai.ie/your-rights/small-claims-procedure/ Consumer Help Ireland. http://www.consumerhelp.ie/small-claims European Commission Consumer Redress Info Sheets (Czech Republic, Denmark) http://ec.europa.eu/consumers/solving_consumer_disputes/docs/ms_fiches_czech_republic.pdf http://ec.europa.eu/consumers/solving_consumer_disputes/docs/ms_fiches_denmark.pdf Government of Malta. Small Claims. https://www.gov.mt/en/Life%20Events/SmallClaims/Pages/Small-Claims.aspx Make a court claim for money, UK. https://www.gov.uk/make-court-claim-for-money/overview Regulation (EC) No 861/2007 of the European Parliament and of the Council of 11 July 2007 establishing a European small claims procedure. OJ L 199, 31.7.2007, p. 1–22. http://eur- lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=celex:32007R0861 Small Claims Online Procedure. Ireland. http://www.courts.ie/courts.ie/library3.nsf/pagecurrent/50A0FEDF19079201802574050061745F? opendocument&l=en Small Claims Tribunal Act. Malta. http://justiceservices.gov.mt/DownloadDocument.aspx?app=lom&itemid=8847&l=1 Small Claims Tribunal Rules. Malta. http://www.justiceservices.gov.mt/DownloadDocument.aspx?app=lom&itemid=10476&l=1 The European Commission for the Efficiency of Justice (CEPEJ). 2009. Scheme for Evaluating Judicial Systems. Slovakia. Strasbourg, France: CEPEJ. http://www.coe.int/t/dghl/cooperation/cepej/evaluation/2010/2010_Slovakia.pdf The Register “We’re four years away from digitising England’s courts – report”. 19 February 2016. http://www.theregister.co.uk/2016/02/19/fouryear_target_for_digital_court_in_england_ambitious_ but_not_unworkable_says_expert/ World Bank 2015. Doing Business Indicators 2016. Washington, DC: World Bank. http://www.doingbusiness.org/ 32